Дела 17:22-23
Дела 17:22-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Павле застана сред Ареопагот и рече: „Атињани! Забележав дека сте вие многу побожни луѓе, зашто, минувајќи и гледајќи ги вашите светилишта, видов и еден жртвеник на кој пишуваше: ,На непознатиот Бог‘. Значи вие Го обожавате, иако не Го познавате. Јас сакам да ви проповедам за Него.
Дела 17:22-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тогаш Павле застана сред Ареопагот и рече: „Луѓе атињани, по сѐ гледам дека сте побожни. Зашто, кога минував и ги разгледував светилиштата ваши, најдов и жртвеник, на кој беше напишано: ‚На непознатиот Бог.‘ За Него, пак, Кого вие не Го знаете, а Кого Го почитувате, за Него јас ви проповедам.
Дела 17:22-23 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тогаш Павле застана среде Ареопагот и рече: „Луѓе Атињани! Гледам по сѐ дека сте многу побожни. Имено, минувајќи и набљудувајќи ги вашите светини, најдов и жртвеник, на кого е напишано: ‘На непознатиот Бог.’ И така, тоа што вие не познавајќи го - го почитувате, јас ви го проповедам тоа.