Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 16:22-30

Дела 16:22-30 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Тогаш се нафрли на нив народот; а управниците, штом им ги раскинаа али­ш­тата, започнаа да ги тепаат со ста­по­ви; и, откако ги испотепаа многу, ги фрлија в затвор, а на затворскиот стра­жар му наредија да ги чува добро. А стражарот, штом прими таква за­повед, ги фрли во повнатрешниот дел од затворот и нозете им ги стегна во клада. На полноќ, пак, Павле и Сила се молеа и Го славеа Бога, а затво­ре­ни­ци­те ги слушаа. Одеднаш настана голем потрес, та­ка што и темелите на затворот се по­местија, и веднаш се отворија сите вра­ти и оковите на сите отпаднаа. А стражарот на затворот, кога дој­де при свест и ги виде вратите на зат­во­рот отворени, извади меч и сакаше да се убие, зашто помисли дека затво­ре­ни­ци­те избегале. Но, Павле викна со силен глас и ре­че: „Не задавај си врз себе никакво зло, бидејќи сите сме овде!“ А тој побара светло, истрча и растре­перен падна пред Павле и Сила; па, откако ги изведе надвор, рече: „Господари, што треба да направам, па да се спасам?“

Дела 16:22-30 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Против Павле и Сила веднаш нагрвали толпа народ, а судиите наредија да им ги соблечат горните облеки и да ги тепаат со стапови. Откако сурово ги претепаа, ги фрлија в затвор и му наредија на чуварот добро да внимава на нив. Чуварот ја спроведе наредбата, ги фрли во најдлабокиот дел од затворот и им ги стегна нозете во пранги. Околу полноќ, Павле и Сила се молеа и со песна Го славеа Бога, а затворениците ги слушаа. Одеднаш силен земјотрес ги измести темелите на затворот; сите врати се отворија и прангите на сите затвореници им паднаа од нозете. Чуварот се разбуди и кога виде дека вратите на затворот се отворени, го извади мечот за да се убие, мислејќи дека затворениците избегале. Тогаш Павле силно викна и му рече: „Немој да се убиваш! Сите сме овде!“ Чуварот побара ламба и влезе внатре треперејќи, па клекна пред Павле и Сила. Ги изведе надвор и им рече: „Господа, што треба да сторам, за да се спасам?“

Дела 16:22-30 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

И заедно, се крена народот против нив, а заповедниците им ги скинаа облеките и наредија да ги бијат со стапови. И откако им удрија многу стапови, ги фрлија во темница и му заповедаа на темничарот да ги чува добро. Откако прими таква заповед, тој ги фрли во внатрешниот дел на темницата, и нозете им ги стави во клада. Околу полноќ, Павле и Сила се молеа и со песна Го славеа Бога, а затворениците ги слушаа. Но одеднаш стана силен потрес, така што се стресоа основите на темницата: во истиот миг се отворија сите врати, и на сите им паднаа оковите. А чуварот на темницата се разбуди и кога ги виде отворените врати на темницата, го извади мечот и сакаше да се убие, мислејќи дека затворениците избегале. Но Павле викна со силен глас, велејќи: „Не прави си себеси никакво зло, зашто сите сме тука!“ А тој побара светлина, истрча внатре и треперејќи падна пред Павле и Сила; ги изведе и рече: „Господини, што треба да правам за да се спасам?“