Дела 16:14-15
Дела 16:14-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Меѓу нив имаше една жена по име Лидија од градот Тијатир. Таа се занимаваше со продавање на скапоцени пурпурни ткаенини. Лидија веруваше во Бог. Додека не слушаше, Господ и го отвори срцето и таа го прифати она што го зборуваше Павле. Откако таа и нејзините домашни се крстија, упорно не канеше да бидеме нејзини гости: „Ако сметате дека имам вера во Господ, дојдете и останете во мојот дом додека престојувате во овој град.“ Така не убеди и останавме.
Дела 16:14-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И една богобојазлива жена од градот Тиатир, по име Лидија, која продаваше црвени ткаенини, слушаше; и Господ ѝ го отвори срцето да внимава на она, што го зборуваше Павле. А кога беше крстена таа и нејзините домашни, нѐ замоли и рече: „Ако сте ме признале за верна на Господ, тогаш влезете во мојата куќа и престојувајте во неа!“ И нѐ принуди.
Дела 16:14-15 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И некоја богобојазлива жена по име Лидија, продавачка на пурпурно платно од градот Тиатир, слушаше; и Господ ѝ го отвори срцето да внимава на Павловите зборови. А кога беше крстена таа, и нејзиниот дом, нѐ замоли, велејќи: „Ако ме признавате за верна на Господа, влезете во мојот дом и останете.“ И нѐ принуди.