Дела 10:36-38
Дела 10:36-38 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Вие ја знаете пораката што им ја упати на Израелците, нудејќи им Радосна вест за помирување преку Исус Христос, Кој е Господ на сите. Знаете што се се случуваше во Јудеја, почнувајќи од Галилеја, откако Јован Крстител почна да проповеда дека секој треба да се крсти. Потоа Бог Го помаза Исуса од Назарет со Светиот Дух и Му даде сила. Исус цел живот правеше добрини и ги исцелуваше сите што беа угнетени од Ѓаволот, зашто Бог беше со Него.
Дела 10:36-38 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тој им го прати на синовите Израелови словото, благовестувајќи мир преку Исус Христос, Кој е Господ на сите. Вие знаете за сето она што се случуваше по цела Јудеја, почнувајќи од Галилеја, по крштавањето што го проповедаше Јован: како Го помаза Бог со Дух Свети и со сила Исус од Назарет, и како Тој одеше вршејќи добри дела и исцелувајќи ги сите што беше ги нападнал ѓаволот, зашто Бог беше со Него.
Дела 10:36-38 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Вие го знаете Словото што им го испрати на Израелевите синови, објавувајќи го Евангелието на мирот преку Исуса Христа; Овој е Господ на сите. Вие знаете што се случи по сета Јудеја, почнувајќи од Галилеја, по крштавањето што го проповедаше Јован; Го знаете Исуса од Назарет, како Бог Го помаза со Светиот Дух и со сила, Кој помина правејќи добрини и оздравувајќи ги сите, кои ѓаволот ги измачуваше, зашто Бог беше со Него.