Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 10:34-43

Дела 10:34-43 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Тогаш Петар почна да зборува: „Сега сфаќам дека Бог навистина не е пристрасен кон никого, туку го прифаќа секој што има страхопочит спрема Него и праведно постапува, без разлика на кој народ му припаѓа. Вие ја знаете пораката што им ја упати на Израелците, нудејќи им Радосна вест за помирување преку Исус Христос, Кој е Господ на сите. Знаете што се се случуваше во Јудеја, почнувајќи од Галилеја, откако Јован Крстител почна да проповеда дека секој треба да се крсти. Потоа Бог Го помаза Исуса од Назарет со Светиот Дух и Му даде сила. Исус цел живот правеше добрини и ги исцелуваше сите што беа угнетени од Ѓаволот, зашто Бог беше со Него. А ние, апостолите, сме сведоци за се што Тој направи во земјата на Евреите и во Ерусалим. Него Го убија, Го распнаа на крст. Но на третиот ден, Бог Го воскресна, Му овозможи да се појави, не на сите луѓе, туку само на сведоците што Бог ги беше одбрал од порано, односно нам што јадевме и пиевме со Него откако Тој воскресна од мртвите. Тој ни заповеда да им проповедаме и да ги уверуваме луѓето дека Исус е Судијата назначен од Бог, и Тој ќе им суди и на живите, и на мртвите. Сите пророци зборуваа за Исус и навестија дека на сите што веруваат во Него им се простуваат гревовите преку вера во Неговото име.“

Дела 10:34-43 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Тогаш Петар ја отвори устата и ре­че: „Навистина сфаќам дека Бог не гле­да на лице; туку, напротив, Нему му е мил во секој народ оној кој има страхопочит кон Него и постапува праведно. Тој им го прати на синовите Из­ра­елови словото, благовестувајќи мир преку Исус Христос, Кој е Господ на сите. Вие знаете за сето она што се слу­чуваше по цела Јудеја, почнувајќи од Галилеја, по крштавањето што го про­поведаше Јован: како Го помаза Бог со Дух Свети и со сила Исус од Назарет, и како Тој оде­ше вршејќи добри дела и исцелувајќи ги сите што беше ги нападнал ѓаволот, зашто Бог беше со Него. И ние сме сведоци за сѐ што на­пра­ви Тој во земјата Јудејска и во Еру­са­лим. Него Го убија, приковувајќи Го на крст. Него Бог Го воскресна на третиот ден и Му даде да се појави, но не на сиот народ, туку само нам, предизбрани од Бога сведоци, кои јадев­ме и пиевме со Него по Неговото вос­креснување од мртвите. И ни заповеда да им проповедаме на луѓето и да сведочиме дека Тој е од Бога определениот Судија над живите и мртвите. Сите пророци сведочат за тоа дека секој што ќе поверува во Него, ќе добие простување на гревовите преку Него­во­то име.“

Дела 10:34-43 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Тогаш Петар ја отвори устата и рече: „Вистина гледам дека Бог не гледа на лице, туку Нему Му е мил во секој народ оној, кој се бои од Него и кој прави правда. Вие го знаете Словото што им го испрати на Израелевите синови, објавувајќи го Евангелието на мирот преку Исуса Христа; Овој е Господ на сите. Вие знаете што се случи по сета Јудеја, почнувајќи од Галилеја, по крштавањето што го проповедаше Јован; Го знаете Исуса од Назарет, како Бог Го помаза со Светиот Дух и со сила, Кој помина правејќи добрини и оздравувајќи ги сите, кои ѓаволот ги измачуваше, зашто Бог беше со Него. И ние сме сведоци за сѐ што направи во Јудејската Земја и во Ерусалим; Него Го убија обесувајќи Го на дрво. Него Бог Го воскресна на третиот ден и Му даде да се јави, но не на сите луѓе, а на однапред од Бога избраните сведоци - нам, кои јадевме и пиевме со Него по Неговото воскресение од мртвите. И Тој ни заповеда да му проповедаме на народот и да сведочиме дека Тој е од Бога определениот Судија на живите и мртвите. Сите пророци сведочат за Него, дека секој кој верува во Него, ќе добие преку Неговото име опростување на гревовите.“