2 Тимотеј 3:14-17
2 Тимотеј 3:14-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Туку ти остани му верен на она што го научи и со непоколеблива вера го прифати, зашто знаеш кој те учеше. Уште од мал ги познаваш Светите писма, а тие можат да ти дадат мудрост за да го согледаш патот кон спасението, преку вера во Исус Христос. Целото Свето Писмо е од Бога вдахновено. Се што пишува во него може да ни користи за да се поучиме, да ни помогне да се поправиме и да ни покаже како праведно да живееме. Светото Писмо совршено го подготвува секој Божји човек да умее да прави добри дела од секаков вид.
2 Тимотеј 3:14-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Но ти остани во тоа што си го научил и што ти е поверено, знаејќи од кого си го научил, бидејќи уште од малечок ги познаваш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христос Исус. Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за казнување, поправање и поучување во праведност, за да биде Божјиот човек усовршен и совршено подготвен за секое добро дело.
2 Тимотеј 3:14-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А ти остани во она што си го научил и во што си убеден, зашто знаеш од кого си го научил и зашто од детството ги познаваш Светите Писма, кои можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса. Целото Писмо е од Бога вдахновено и е полезно за поука, за изобличување, за поправање и за воспитување во правдата, за да биде Божјиот човек совршено подготвен за секое добро дело.