2 Тимотеј 3:11-13
2 Тимотеј 3:11-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Виде какви прогонства и страдања истрпев во градовите Антиохија, Иконија и Листра. Низ какви се прогони поминав и од сите нив Господ ме избави! Сите што сакаат да живеат побожно и да бидат на страната на Исус Христос ќе бидат прогонувани, а злите луѓе и измамниците ќе стануваат се полоши и полоши. Ќе заведуваат и ќе бидат заведувани.
2 Тимотеј 3:11-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
на моите прогони и страдања, што ми се случија во Антиохија, и во Иконија, и во Листра, какви прогони претрпев; и од сѐ Господ ме избави. А и сите, што сакаат да живеат побожно во Христос Исус ќе бидат гонети. А лошите луѓе и лажливците ќе напредуваат во злото, како заблудувачи и заблудени.
2 Тимотеј 3:11-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
гонењата, страдањата што ми се случија во Антиохија, Иконија и Листра. Какви гонења претрпев, и Господ ме избави од сите! А и сите кои сакаат да живеат побожно во Христа Исуса, ќе бидат гонети, додека злите луѓе и измамниците ќе напредуваат во злото, измамувајќи и бивајќи измамени.