Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Тимотеј 3:10-17

2 Тимотеј 3:10-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Тимотеј, внимателно слушаше што те поучував и гледаше како живеев. Знаеш што сакам да постигнам и во што верувам. Виде колку сум трпелив и колку ги сакам луѓето. Виде колку можам да истраам. Виде какви прогонства и страдања истрпев во градовите Антиохија, Иконија и Листра. Низ какви се прогони поминав и од сите нив Господ ме избави! Сите што сакаат да живеат побожно и да бидат на страната на Исус Христос ќе бидат прогонувани, а злите луѓе и измамниците ќе стануваат се полоши и полоши. Ќе заведуваат и ќе бидат заведувани. Туку ти остани му верен на она што го научи и со непоколеблива вера го прифати, зашто знаеш кој те учеше. Уште од мал ги познаваш Светите писма, а тие можат да ти дадат мудрост за да го согледаш патот кон спасението, преку вера во Исус Христос. Целото Свето Писмо е од Бога вдахновено. Се што пишува во него може да ни користи за да се поучиме, да ни помогне да се поправиме и да ни покаже како праведно да живееме. Светото Писмо совршено го подготвува секој Божји човек да умее да прави добри дела од секаков вид.

2 Тимотеј 3:10-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Ти го следеше моето учење, поведение, целта, верата на мојата великодушност, љубовта, трпеливоста, на моите прогони и страдања, што ми се случија во Антиохија, и во Ико­ни­ја, и во Листра, какви прогони претрпев; и од сѐ Господ ме избави. А и сите, што сакаат да живеат по­божно во Христос Исус ќе бидат го­не­ти. А лошите луѓе и лажливците ќе напредуваат во злото, како заблудувачи и заблудени. Но ти остани во тоа што си го нау­чил и што ти е поверено, знаејќи од ко­го си го научил, бидејќи уште од малечок ги познаваш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христос Исус. Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за казнување, поправање и поучување во праведност, за да биде Божјиот човек усовршен и совршено подготвен за секое добро дело.

2 Тимотеј 3:10-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

А ти го следеше моето учење, начинот на живеење, замислата, верата, долготрпението, љубовта, трпението, гонењата, страдањата што ми се случија во Антиохија, Иконија и Листра. Какви гонења претрпев, и Господ ме избави од сите! А и сите кои сакаат да живеат побожно во Христа Исуса, ќе бидат гонети, додека злите луѓе и измамниците ќе напредуваат во злото, измамувајќи и бивајќи измамени. А ти остани во она што си го научил и во што си убеден, зашто знаеш од кого си го научил и зашто од детството ги познаваш Светите Писма, кои можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса. Целото Писмо е од Бога вдахновено и е полезно за поука, за изобличување, за поправање и за воспитување во правдата, за да биде Божјиот човек совршено подготвен за секое добро дело.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност