Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Тимотеј 1:6-11

2 Тимотеј 1:6-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Затоа те потсетувам да го разгоруваш во себе Божјиот дар што го доби кога положив раце врз тебе. Божјиот Дух не создаде од нас плашливци. Напротив, ни даде сила, љубов и самодисциплина. Затоа, немој да се срамиш да им зборуваш на луѓето за нашиот Господ. Немој да се срамиш ни од мене, сега кога сум в затвор поради тоа што проповедам за Господ. Искористи ја силата што ти ја дава Бог и придружи ми се во ширењето на Радосната вест, дури и ако треба заради тоа да поминеш низ страдања. Бог не спаси и не одбра да живееме свет живот, не поради тоа што ние со нашите постапки тоа го заслужуваме, туку затоа што тоа беше Негов план уште пред почетокот на времето - да ни ја искаже Својата благонаклоност преку Исус Христос. Сега, со доаѓањето на нашиот Спасител Исус Христос, тоа ни стана јасно. Од една страна, Тој ја порази смртта, а од друга страна, преку Радосната вест, ни го покажа патот кон вечниот живот. Бог ме постави за проповедник, апостол и учител на Радосната вест.

2 Тимотеј 1:6-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Поради тоа ти напомнувам да ја распалуваш Божјата дарба, која ја имаш во себе преку полагањето на моите раце. Зашто Бог не ни даде дух на страв, туку дух на сила, љубов и разбраност. И така, не срамувај се од сведо­че­ње­то за нашиот Господ Исус Христос, ни­ту од мене, затвореникот за Него, туку стани соучесник во страдањата за Евангелието Христово по силата на Бо­га, Кој нѐ спаси и нѐ повика кон свето звање, не поради нашите дела, туку по Својата добра волја и благодатта, што ни е дадена во Христос Исус пред вечни времиња, а откриена сега со јавувањето на нашиот Спасител Исус Христос, Кој ја уништи смртта и го осветли животот и нераспадливоста преку Евангелието, за кое сум поставен како проповедник, апостол и учител на незнабошците.