2 Самоилова 23:13-17
2 Самоилова 23:13-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тие тројца главни меѓу триесетте војводи тргнаа и на почетокот на жетвата влегоа кај Давид во Адуламската пештера, додека филистејските војници логоруваа во Рефаимската Долина. Тогаш Давид беше во укрепено место, а филистејската војска во Витлеем. Давид побара да пие и рече: „Кој ќе ми донесе да пијам вода од витлеемскиот кладенец што е покрај портите?“ Тогаш тие тројцата јунаци се провреа низ филистејскиот логор, зафатија вода од витлеемскиот кладенец што е при портите, и зедоа, па му донесоа на Давид. Но тој не сакаше да ја пие, туку ја излеа во слава на Господ, и рече: „Да ме чува Господ да го направам тоа! Не е ли тоа крв на луѓето што одеа, со опасност по животот свој?“ И не сакаше да пие. Ете што извршија тие тројца јунаци!
2 Самоилова 23:13-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Еднаш тројцата од триесетмина тргнаа на пат и во почетокот на жетвата дојдоа кај Давида во Одоламската Пештера, кога една филистејска чета беше влогорена во Рефаимската Долина. Давид тогаш беше во својата крепост, а филистејската посада тогаш беше во Витлеем. Давид издивна: „О кога некој би ме напил со вода од витлеемскиот кладенец што е кај вратата?“ Тогаш тие тројца јунаци продреа низ филистејскиот логор и, откако нацрпија вода од витлеемскиот кладенец што е кај вратата, му ја донесоа и дадоа на Давида. Ама Давид не сакаше да ја пие, туку ја излеа пред Господа, зборувајќи: „Господ да не ми даде да го направам тоа! Зар да ја пијам крвта на овие луѓе? Та излагајќи го животот на гибел, донесоа вода!“ И не сакаше да пие. Ете, тоа го направија тие три јунаци.