2 Петар 3:8-10
2 Петар 3:8-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Драги мои, една работа да не заборавате: за Господ еден ден е како илјада години и илјада години се како еден ден. Господ не одолжува со исполнувањето на Своето ветување, како што некои мислат. Тој само е трпелив, зашто не сака никој да заврши во пропаст, туку секој да се покае и да се спаси. Денот кога Господ ќе се врати ќе ве изненади како крадец. Небесата ненадејно ќе исчезнат со силна бучава. Елементарните состојки во оган ќе се распаднат, а Земјата и сите остварувања на неа, ќе исчезнат.
2 Петар 3:8-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Но внимавајте, возљубени, да не го изумите само тоа дека за Господ еден ден е како илјада години, а илјада години – како еден ден. Господ нема да задоцни со Своето ветување, како што некои мислат за бавењето; но долго време трпи, бидејќи не сака да загине некој, туку сите да се покаат. И ќе дојде денот Господов, како крадец во ноќно време; тогаш небесата со голема бучава ќе ги снема, и стихиите ќе пламнат и ќе се разрушат, а земјата, и сѐ што е на неа, ќе изгори.
2 Петар 3:8-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Но едно не смее да ви биде непознато, возљубени: дека за Господ еден ден е како илјада години, и илјада години како еден ден. Господ не го забавува тоа што го ветил, како што некои мислат за тоа бавење, туку го покажува Своето трпение кон вас, зашто не сака некој да пропадне, туку сите да дојдат до покајание. А Господовиот ден ќе дојде како крадец во ноќта; во тој ден небесата ќе поминат со голема бучава, а вжарените стихии ќе се распаднат и земјата ќе изгори со сите дела што се во неа.