2 Петар 2:21-22
2 Петар 2:21-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Подобро ќе беше да не го запознаеја патот на праведноста, отколку, откако го запознаа, да и свртат грб на светата заповед што им беше дадена! Ним им се случи она што го кажуваат поговорките: “Песот се враќа на сопствената блујавица.“ и „Откако се искапала, свињата во калта се вратила!“
2 Петар 2:21-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
За нив би било подобро да не го беа познале патот на правдата отколку, откако го познаа, да отстапат од светата заповед која им е предадена. Ним им се случува според вистинската поговорка: „Песот се враќа на својата блујавица“ и „Искапената свиња – во калта.“
2 Петар 2:21-22 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Имено, за нив би било подобро да не го познаваа патот на правдата, отколку, откако го познаа, да се одвратат од светата заповед, која им е предадена. Ним им се случува она што вели вистинската поговорка: „Песот се враќа на својата блувотина,“ и „Искапената свиња се враќа да се валка во калта.“