2 Петар 1:5-9
2 Петар 1:5-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Затоа со сите сили потрудете се да ја унапредите својата вера. Додајте и добрина, на добрината додајте и знаење, на знаењето додајте му самоконтрола, на самоконтролата додајте и трпеливост, на трпеливоста додајте и побожност, на побожноста додајте и љубов спрема сите христијани, а кон сето тоа додајте несебична љубов спрема секого. Ако ги имате ваквите доблести во изобилие, ќе покажете дека вашето познавање на нашиот Господ Исус Христос ве има направено корисни и плодоносни. Кој ги нема овие доблести, тој е слеп, или кратковид, и заборавил дека Бог го исчисти од неговите стари гревови.
2 Петар 1:5-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
затоа, грижејќи се за ова сестрано, принесете кон верата своја добродетел, а кон добродетелта знаење, кон знаењето воздржување, кон воздржувањето трпение, кон трпението побожност, кон побожноста братољубивост, кон братољубивоста љубов. Зашто, ако овие доблести ги има во вас и се умножуваат, тие нема да ве остават празни, ниту бесплодни во познанието на нашиот Господ Исус Христос. А кој ги нема овие доблести, тој е слеп, кусоглед и заборава дека се очистил од поранешните гревови.
2 Петар 1:5-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
заради тоа вложете ја сета ревност, и исполнете ја својата вера со добродетел, а добродетелта со знаење; а знаењето со воздржливост; а воздржливоста со трпение; а трпението со побожност; а побожноста со братољубие; а братољубието со љубов. Зашто, ако го имате сѐ тоа и тоа се умножува, не ве прави мрзливи и бесплодни во познавањето на нашиот Господ Исус Христос, но, кој го нема тоа, слеп е и кусоглед: зашто заборавил дека е очистен од своите стари гревови.