2 Петар 1:5-7
2 Петар 1:5-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Затоа со сите сили потрудете се да ја унапредите својата вера. Додајте и добрина, на добрината додајте и знаење, на знаењето додајте му самоконтрола, на самоконтролата додајте и трпеливост, на трпеливоста додајте и побожност, на побожноста додајте и љубов спрема сите христијани, а кон сето тоа додајте несебична љубов спрема секого.
2 Петар 1:5-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
затоа, грижејќи се за ова сестрано, принесете кон верата своја добродетел, а кон добродетелта знаење, кон знаењето воздржување, кон воздржувањето трпение, кон трпението побожност, кон побожноста братољубивост, кон братољубивоста љубов.
2 Петар 1:5-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
заради тоа вложете ја сета ревност, и исполнете ја својата вера со добродетел, а добродетелта со знаење; а знаењето со воздржливост; а воздржливоста со трпение; а трпението со побожност; а побожноста со братољубие; а братољубието со љубов.