2 Царевите 8:25-29
2 Царевите 8:25-29 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Охозија, синот на јудејскиот цар Јорам, стана цар во дванаесеттата година од владеењето на Ахавовиот син Јорам, израелскиот цар. Охозија беше на дваесет и две години, кога стана цар, и царуваше една година во Ерусалим. А мајка му се викаше Готолија, ќерка на израелскиот цар Амвриј. Тој одеше по патот на Ахавовиот дом и го правеше она што не беше угодно пред очите на Господ, онака, како и Ахавовиот дом, зашто беше во роднинство со Ахавовиот дом. Тој отиде со Ахавовиот син Јорам во војна против арамејскиот цар Азаил во Рамот Галаадски, и Арамејците го ранија Јорам. И царот Јорам се врати да се лекува во Јизреел од раните што му ги нанесоа Арамејците во Рамот, кога војуваше против арамејскиот цар Азаил. И Охозија, синот на Јорам, јудејски цар, дојде да го посети Ахавовиот син Јорам во Јизреел, бидејќи беше болен.
2 Царевите 8:25-29 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Во дванаесеттата година на Јорам, синот Ахавов, израелскиот цар, јудејски цар стана Охозиј, синот Јорамов. На Охозиј му беа дваесет и две години кога се зацари, а царуваше една година во Ерусалим. Мајка му се викаше Готолија, а му беше ќерка на израелскиот цар Амриј. И тој одеше по патот на Ахавовиот дом и правеше зло во Господовите очи, како и Ахавовиот дом, зашто беше род со него. Тој тргна со Јорам, Ахавовиот син, во Галадскиот Рамот во бој против Азаил, арамејскиот цар. И арамејците го ранија Јорама. Царот Јорам се врати во Езраел за да се лечи од раните што му ги нанесоа во Рама, кога се бореше со арамејскиот цар Азаил. Јорамовиот син Охозиј, јудејскиот цар, слезе во Езраел за да го посети Ахавовиот син Јорам, зашто Јорам беше болен.