2 Царевите 7:1-2
2 Царевите 7:1-2 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тогаш Елисеј рече: „Чујте го словото Господово: Вака вели Господ: ‚утре во ова време една сеа чисто брашно ќе чини еден шекел, а две сеи јачмен – еден шекел, пред портите на Самарија.‘“ А дворјанинот, врз чија рака се потпираше царот, му одговори на Божјиот човек и рече: „Ако Господ отвореше дури и прозорци на небото, и тогаш ќе можеше ли да се случи такво нешто?“ А тој рече: „Ете, со очите свои ќе го видиш тоа, но не ќе јадеш од него.“
2 Царевите 7:1-2 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тогаш Елисеј рече: „Чуј го Господовото слово: Господ вели вака: ‘Утре во ова доба при вратата на Самарија една мера чисто брашно ќе биде за сикал, а две мери јачмено брашно за сикал.“ Дворјанецот, на чија рака се потпираше царот, му одговори на Божјиот човек: „И кога Господ би направил окна на небото, дали би можело да биде тоа?“ А Елисеј одговори: „Ќе видиш со своите очи, но не ќе јадеш.“