2 Царевите 6:1-7
2 Царевите 6:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тогаш пророчките синови му кажаа на Елисеј: „Ете, просторот каде живееме кај тебе, е тесен за нас; да одиме до Јордан, да земеме оттаму секој по една греда и да си направиме таму живеалиште.“ Тој им рече: „Одете!“ А еден од нив рече: „Направи ни милост, дојди и ти со слугите твои.“ Тој одговори: „Ќе дојдам.“ И тргна со нив, дојдоа до Јордан и почнаа да сечат дрвја. И додека еден соборуваше греда, секирата му падна во водата. Тој извика и рече: „Ах, господаре! А таа беше земена на заем!“ Божјиот човек запраша: „Каде падна таа?“ Тој му го покажа местото. Тогаш Елисеј исече парче дрво, па го фрли таму, и секирата исплива. Тогаш му рече: „Земи си ја.“ Тој ја пружи раката и ја зеде.
2 Царевите 6:1-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Пророчките синови му рекоа на Елисеј: „Ете, тесно ни е местото кај тебе. Туку да отидеме до Јордан, па таму секој да земеме по греда и да си направиме таму живеалиште.“ Тој одговори: „Одете!“ Еден од нив му рече: „Благоволи да дојдеш со своите слуги.“ Тој одговори: „Ќе дојдам.“ И тргна со нив. Кога дојдоа до Јордан, почнаа да сечат дрва. А додека еден од нив ја делкаше гредата, секирата му падна во водата, и тој викна: „Ах, господару! И уште беше позајмена!“ А Божјиот човек праша: „Каде падна?“ Оној му го покажа местото. Тогаш тој пресече дел од дрво, го фрли на она место и направи секирата да исплива. И рече: „Извади ја!“ И човекот ја протегна раката та ја зеде.