Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Царевите 2:8-14

2 Царевите 2:8-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Тогаш го зеде Илија својот кожув, го свитка и удри со него по водата, и таа се раздели на две страни, па така и двај­цата минаа по суво. Кога минаа, Илија му рече на Ели­сеј: „Барај, што сакаш да ти направам, пред да бидам вознесен пред тебе.“ Елисеј одговори: „Духот, кој е во тебе, да биде двојно во мене.“ А тој рече: „Бараш нешто многу тешко; ако видиш, како ќе бидам вознесен пред тебе, така ќе ти биде; ако, пак, не видиш, нема да ти биде.“ Додека тие одеа и си разговараа по патот, наеднаш се појави огнена кола и огнени коњи, и ги раздвоија еден од друг, и Илија се вознесе во виорот кон небото. А Елисеј гледаше и извика: „Татко мој, татко мој, коло Израелова и негова коњица!“ И веќе не го виде. Па ја фати облеката своја, и ја раскина на две парчиња. И го крена тој кожувот на Илија што беше паднал од него, па се врати и се запре крај брегот на Јордан; го зеде кожувот на Илија, што беше паднал од него, удри со него по водата, и рече: „Каде е Господ, Бог Илиев? Тој Самиот?“ И удри по водата, а таа се раздели на две страни, и Елисеј помина.

2 Царевите 2:8-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Тогаш Илија ја зеде својата наметка, ја свитка и удри со неа по водата, а водата се раздели на две страни. И обајцата поминаа по суво. А кога поминаа, Илија му рече на Елисеј: „Барај што да сторам уште за тебе пред да бидам земен од пред тебе?“ А Елисеј одговори: „Духот што го имаш ти нека биде двоен во мене!“ Илија одговори: „Многу бараш: ако ме видиш кога ќе бидам земен од пред тебе, ќе ти биде така; ако пак не видиш, не ќе ти биде.“ И додека така одеа и разговараа, ете: огнена кола и огнени коњи се јавија; ги раздвоија двајцата и го однесе Илија во виор на небо. Елисеј гледаше и викаше: „Татко мој, татко мој! Израелева кола и неговите коњаници!“ И веќе не го виде. Тогаш ги зеде своите облеки и ги раскина надве. И ја крена Илиевата наметка, што беше падната од него, та се врати и застана на брегот на Јордан. Тогаш ја зеде Илиевата наметка и удри по водата, велејќи: „Каде е Господ, Илиевиот Бог?“ И кога удри по водата, таа се раздели на две страни, и Елисеј помина.