2 Царевите 15:23-26
2 Царевите 15:23-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Факија, синот на Менаим, стана цар над Израел во Самарија во педесеттата година од владеењето на јудејскиот цар Азарија и царуваше две години. И тој го правеше, она што не беше угодно пред очите на Господ; не отстапуваше од гревовите на Наватовиот син Јеровоам, кој го беше навел Израел во грев. Против него се побуни Факиј, синот на Ремалија, негов дворјанин, и го нападна во Самарија, близу царскиот дом, со Аргов и Арје. Со себе имаше и педесет мажи од Галаад. Го уби и се зацари на негово место. Другите работи на Факија и сѐ што беше извршил, опишани се во летописите на израелските цареви.
2 Царевите 15:23-26 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Во педесеттата година на царувањето на јудејскиот цар Азариј, израелски цар во Самарија стана Факиј, синот Мениамов. Царуваше две години. Тој правеше што е зло во Господовите очи; не отстапуваше од гревовите на Јеровоам, синот Наватов, кој го заведе Израел, во грев. Неговиот дворјанец Факеј, синот Ремалиев, направи заговор против него и го уби во Самарија, во стражарницата на царскиот дворец, со Аргов и Арие. Со себе имаше педесет луѓе од Галгал. Го уби царот и се зацари место него. Другата повест на Факиј, и сѐ што направи, сѐ тоа е запишано во книжниот свиток Летописи на израелските цареви.