2 Јован 1:6-9
2 Јован 1:6-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
А љубовта се докажува преку придржување до Божјите заповеди. Заповедта да покажуваме љубов еден спрема друг ја слушнавме уште од самиот почеток и до неа треба да се придржуваме. Многу измамници се појавија на овој свет. Не признаваат дека Исус Христос дојде на овој свет во човечко тело. Секој што зборува така е измамник и антихрист. Чувајте се, за да не го загубите она за што се трудевме. Борете се да ја добиете целосната награда! Секој што отстапува и не се држи до Христовото учење нема заедништво со Бог. Оној што се држи до Христовото учење има заедништво со небесниот Татко и со Синот - Христос.
2 Јован 1:6-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А љубовта се состои во тоа, да постапуваме по Неговите заповеди. Тоа е заповедта, што ја чувте во почетокот, за да постапувате според неа; бидејќи во светот влегоа мнозина измамници, кои не исповедаат дека Исус Христос дошол во тело; таков човек е измамник, Антихрист. Пазете се за да не го изгубите она за кое сте се труделе, туку да добиете полна награда. Секој, кој оди предалеку и не останува во Христовото учење, Го нема Бога; кој останува во Христовото учење, тој Го има и Отецот и Синот.
2 Јован 1:6-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А љубов е ова: да одиме според Неговите заповеди. Тоа е заповедта, како што чувте од почетокот, во која треба да одите. Зашто многу измамници излегоа во светот, кои не исповедаат дека Исус Христос дојде во тело; - тоа е измамник и антихрист. Пазете се да не го изгубите она што сме го спечалиле, туку да примите полна награда. Секој, кој оди натаму и не останува во Христовата наука, Го нема Бога. Кој останува во Христовата наука, тој Го има и Таткото и Синот.