2 Коринтјаните 5:8-11
2 Коринтјаните 5:8-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Храбри сме, бидејќи повеќе сакаме да се иселиме од ова наше овоземно тело и да си одиме дома, кај Господ. Затоа, било да сме дома кај Господ, или да сме овде, сакаме да го работиме тоа што Нему Му е по волја. Секој од нас ќе треба да се појави пред Христовиот суд, за да го прими она што го заслужил со своите добри или лоши постапки додека бил во овоземното тело. Ние имаме страхопочит спрема Господ, и затоа со сите сили се обидуваме да им всадиме вера и на другите луѓе. Бог знае дека сме искрени, а се надевам дека длабоко во себе и вие знаете какви луѓе сме.
2 Коринтјаните 5:8-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Но не се плашиме и сакаме што поскоро да го напуштиме телото и да се прибереме кај Господ. Па затоа и усрдно се грижиме да Му бидеме угодни, било кога престојуваме во телото, или кога го напуштаме; зашто сите ние треба да се јавиме пред Христовиот суд. Та секој да прими што заслужил, според она што го извршил во телото свое, било добро или зло. Така, знаејќи го стравот од Господ, ние ги уверуваме луѓето, а за Бога сме јавни: се надевам дека сум познат и на вашите совести.
2 Коринтјаните 5:8-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
полни сме со вера, и повеќе сакаме да го напуштиме телово и да живееме при Господа. Затоа и се грижиме да Му угодиме Нему, било да сме дома или во туѓина, зашто сите ние треба да се појавиме пред Христовиот суд, и секој да прими според она што направил во своето тело, било добро или зло. И така, знаејќи го стравот пред Господа, ги уверуваме луѓето, а на Бога сме Му познати, и се надеваме дека сме им познати и на вашите совести.