2 Коринтјаните 5:6-10
2 Коринтјаните 5:6-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Затоа ние секогаш сме смели, и покрај тоа што се додека сме во ова овоземно тело, ние не сме дома, кај Господ. Верата е она што не движи напред, а не тоа што сега го гледаме. Храбри сме, бидејќи повеќе сакаме да се иселиме од ова наше овоземно тело и да си одиме дома, кај Господ. Затоа, било да сме дома кај Господ, или да сме овде, сакаме да го работиме тоа што Нему Му е по волја. Секој од нас ќе треба да се појави пред Христовиот суд, за да го прими она што го заслужил со своите добри или лоши постапки додека бил во овоземното тело.
2 Коринтјаните 5:6-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И затоа, секогаш сме спокојни, иако знаеме дека, сѐ додека живееме во телото, ние сме далеку од Господ, бидејќи според верата живееме, а не според гледањето. Но не се плашиме и сакаме што поскоро да го напуштиме телото и да се прибереме кај Господ. Па затоа и усрдно се грижиме да Му бидеме угодни, било кога престојуваме во телото, или кога го напуштаме; зашто сите ние треба да се јавиме пред Христовиот суд. Та секој да прими што заслужил, според она што го извршил во телото свое, било добро или зло.
2 Коринтјаните 5:6-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Така, бидејќи секогаш сме полни со верба и знаеме дека сме во телото, ние сме во туѓина, далеку од Господа, зашто, уште одиме во верата, а не со гледањето, - полни сме со вера, и повеќе сакаме да го напуштиме телово и да живееме при Господа. Затоа и се грижиме да Му угодиме Нему, било да сме дома или во туѓина, зашто сите ние треба да се појавиме пред Христовиот суд, и секој да прими според она што направил во своето тело, било добро или зло.