2 Коринтјаните 5:1-9
2 Коринтјаните 5:1-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Знаеме дека, кога земното живеалиште на нашето тело, кое е како шатор, ќе се разруши, тогаш ќе имаме од Бога здание, куќа неракотворена, вечно живеалиште на небесата. Зашто во него воздивнуваме, копнеејќи да се облечеме во своето небесно живеалиште; само, да се најдеме облечени, а не голи. Зашто ние, кои се наоѓаме во овој шатор, воздивнуваме обременети; бидејќи не сакаме да бидеме соблечени, туку да се преоблечеме, та животот да го проголта смртното. А Бог, Кој нѐ создаде токму за ова, ни даде и залог на Духот. И затоа, секогаш сме спокојни, иако знаеме дека, сѐ додека живееме во телото, ние сме далеку од Господ, бидејќи според верата живееме, а не според гледањето. Но не се плашиме и сакаме што поскоро да го напуштиме телото и да се прибереме кај Господ. Па затоа и усрдно се грижиме да Му бидеме угодни, било кога престојуваме во телото, или кога го напуштаме
2 Коринтјаните 5:1-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Знаеме дека кога ќе пропадне овој ,шатор‘ во кој сега живееме, односно, нашето овоземно тело, не очекуваат на небото вечни домови направени од Бог, а не од човечка рака. Во нашите сегашни тела офкаме и копнееме по денот кога како нова облека ќе ги облечеме нашите небесни тела, зашто ние нема да бидеме голи духови, без тела, туку ќе ги облечеме нашите нови, небесни тела. Додека живееме во овој овоземен шатор, односно во нашите смртни тела, офкаме бидејќи имаме мака. Но ние не копнееме по тоа да умреме и да останеме без тела, туку со нетрпение чекаме да се преселиме во нашите нови тела, па вечниот живот да го проголта ова смртно тело. Бог не подготви за тоа и ни Го даде Светиот Дух како гаранција дека тоа навистина ќе се случи. Затоа ние секогаш сме смели, и покрај тоа што се додека сме во ова овоземно тело, ние не сме дома, кај Господ. Верата е она што не движи напред, а не тоа што сега го гледаме. Храбри сме, бидејќи повеќе сакаме да се иселиме од ова наше овоземно тело и да си одиме дома, кај Господ. Затоа, било да сме дома кај Господ, или да сме овде, сакаме да го работиме тоа што Нему Му е по волја.
2 Коринтјаните 5:1-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто, знаеме: ако се разурне нашиот земен дом, кој е како шатор, имаме од Бога зграда, вечен дом на небесата, што не го изградила човечка рака. Па затоа и воздивнуваме и копнееме да се облечеме со своето небесно живеалиште; само така облечени, нема да се најдеме голи. Зашто, ние кои сме во овој шатор, воздивнуваме обременети; зашто не сакаме да се соблечеме, туку да се облечеме и над него, и така животот да го проголта она што е смртно. А Бог нѐ приготви токму за ова, со тоа што ни Го даде Духот како залог. Така, бидејќи секогаш сме полни со верба и знаеме дека сме во телото, ние сме во туѓина, далеку од Господа, зашто, уште одиме во верата, а не со гледањето, - полни сме со вера, и повеќе сакаме да го напуштиме телово и да живееме при Господа. Затоа и се грижиме да Му угодиме Нему, било да сме дома или во туѓина