2 Коринтјаните 4:6-7
2 Коринтјаните 4:6-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Зашто Бог, Кој рече: „Нека се појави светло во темнината!“, Тој ги просветли и нашите срца, за да согледаме дека Неговата слава се одразува во ликот на Исус Христос. Но ова скапоцено богатство го носиме во обични земјани садови, односно во нашите смртни тела. Така на сите им е јасно дека оваа величествена сила доаѓа од Бог, а не од нас.
2 Коринтјаните 4:6-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Зашто Бог, Кој некогаш заповеда од „темнината да изгрее светлина“, Тој ги озари срцата наши за да биде познанието на славата Божја во лицето на Исус Христос светло. Но таа ризница ја носиме во глинени садови, та преизобилната сила да биде од Бога, а не од нас.
2 Коринтјаните 4:6-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто, Бог, Кој рече светлина да засвети од темнината, Тој засвети во нашите срца, за да ги осветли со познавањето на Божјата слава во лицето на Исуса Христа. А ова благо го имаме во земни садови, та изврсноста на силата да биде од Бога, а не од нас.