Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Коринтјаните 12:5-10

2 Коринтјаните 12:5-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Со таквото доживување можам да се фалам, а со самиот себе не можам да се фалам, освен да признаам дека сам по себе сум немоќен. Кога би сакал да се фалам, има многу работи со кои би можел да се пофалам, и тоа не би било неразумно, бидејќи е вистина. Но ќе се воздржам од фалење. Не сакам некој да стекне повисоко мислење за мене од она што го добива гледајќи ме и слушајќи ме. Но, за да не станам премногу горделив поради многубројните откровенија што ги добив од Бог, ставен ми е трн во телото, сатански ангел, кој ме измачува и така ме држи во понизност. Трипати во агонија Го молев Господ да ме ослободи од него, но Тој ми рече: „Ја имаш Мојата благонаклоност и тоа ти е доволно! Мојата сила најдобро се забележува во твојата немоќ!“ Затоа, смело ја признавам својата немоќ зашто така станува очигледно дека Христовата сила работи преку мене. Затоа, заради Христос, јас смело ги поднесувам немоќта, навредите, маките, прогоните и тешкотиите. Бидејќи, кога јас сум најнемоќен, Господ преку мене дејствува најмоќно!

2 Коринтјаните 12:5-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Со таков човек ќе се пофалам; но со себе нема да се пофалам, освен со моите слабости. А, пак, кога би посакал да се фалам, не би бил безумен, зашто би кажал вис­тина; но јас се воздржувам, да не би помислил некој за мене повеќе отколку што во мене гледа, или од мене слуша. И, за да не се превознесувам со пре­многу откровенија, во телото ми се даде трн, ангел сатанин, да ме боцка по ли­цето, да не се превознесувам. Затоа трипати Го молев Господ тоа да го отстрани од мене. Но Тој ми рече: „Доста ти е Мојата благодат, бидејќи Мојата сила се по­ка­жува потполно во слабоста.“ Затоа со многу поголема радост ќе се фалам со своите слабости за да се всели во мене силата Христова. Затоа уживам во слабости, во на­вредување, во маки, во прогонување, во тага за Христос, зашто кога сум слаб, тогаш сум силен.

2 Коринтјаните 12:5-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Ќе се фалам со таков човек, а со себеси нема да се фалам, освен со своите слабости. Зашто, ако би посакал да се фалам; нема да бидам неразумен, зашто би ја зборувал вистината. Но се воздржувам, за да не помисли некој за мене повеќе, отколку што во мене гледа или од мене слуша. И за да не се возвишам поради прекумерните откровенија, даден ми е трн во телото, сатанин ангел, за да ме удира, за да не се возвишам. Трипати го молев Господа за тоа, за да го отстрани од мене. И Тој ми рече: „Доста ти е Мојата благодат, зашто Мојата сила се покажува совршена во слабоста.“ Затоа, со поголема радост ќе се фалам во своите слабости, за да се всели во мене Христовата сила. Останувам со добра волја во: слабостите, навредите, неволјите, прогонувањата, притеснувањата заради Христа, зашто кога сум слаб, тогаш сум силен.