2 Коринтјаните 11:1-6
2 Коринтјаните 11:1-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Се надевам дека ќе ме истрпите, дури и ако не зборувам мошне мудро. Ве молам, истрпете ме! Љубоморен сум на вас, онака како што е љубоморен и Бог! Ве ?свршив‘ за еден Свршеник, за Христос, за да ве доведам кај Него чисти како девица, но се плашам вашите умови да не бидат заведени и да не отстапите од вашата целосна и чиста посветеност на Христос. Се плашам да не бидете измамени онака како што змијата со итрина ја измами Ева. Ние ви проповедаме за Исус, и вие го примивте Светиот Дух и ја прифативте Радосната вест. Но сега дозволувате да ви проповедаат за некаков друг Исус, за примање на некаков друг дух и за прифаќање на некаква друга порака! Јас не се сметам за помалку вреден од тие ?супер апостоли‘. Ако и не сум толку вешт говорник, моето знаење не е ништо помало од нивното. Тоа на сите полиња ви го докажавме, и тоа јавно, пред сите.
2 Коринтјаните 11:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ех, да бевте потрпеле малку од моето безумие! Да, потрпете ме! Зашто за вас сум љубоморен со Божја љубомора; зашто ве свршив за еден маж, за да ве претставам пред Христос како чиста девица. Но се плашам, како што змијата со своето лукавство ја измами Ева, да не се одвратат вашите мисли поради вашата искреност кон Христос. Зашто, ако некој дојдеше да проповеда друг Исус, кого ние не сме го проповедале; или, ако добиевте друг дух, кого не сте го добиле, или друго евангелие, кое не сте го примиле, вие добро ќе го поднесевте. Но јас мислам дека во ништо не сум помал од надапостолите. Иако сум прост во говорот, во знаењето не сум. А насекаде и по сѐ сме ви добро познати.
2 Коринтјаните 11:1-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ох, кога би сте можеле да истрпите малку безумие од моја страна! Но, вие и ме трпите! Зашто, ревнувам за вас со Божја ревност; бидејќи ве свршив со еден маж, за да ве приведам како чиста девица пред Христа. Но се плашам, како што змијата ја измами Ева со своето лукавство, така и вашите мисли да не се одвратат од простодушноста и од чистата верност во Христа. Зашто, ако некој дојде да ви проповеда друг Исус, кого ние не го проповедавме; или ако примате друг дух, кого не го примивте; или друго евангелие, кое не сте го примиле, вие сепак би сте го трпеле тоа. Имено, мислам дека во ништо не сум помал од најпрвите апостоли. Ако сум и невешт во говорот, не сум во знаењето, тоа ви го покажавме во сѐ и сешто.