2 Коринтјаните 10:3-6
2 Коринтјаните 10:3-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Ние сме од крв и месо, ама не војуваме со телесни, световни методи. Не сме вооружени со човечки оружја, туку со моќните Божји оружја. Со нив ги уриваме сатанските упоришта и ги соборуваме сите зли мудрувања и се друго што ги попречува луѓето да Го запознаат Бога. Ја поразуваме секоја бунтовна човечка мисла и ја учиме да Му биде послушна на Христос. Ние сме готови да ги казниме оние што не се послушни во се, но дури откако вие ќе покажете дека сте целосно послушни.
2 Коринтјаните 10:3-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Зашто, иако во тело живееме, телесно не се бориме. Оружјето на нашето војување не е телесно, но со помошта Божја станува моќно за рушење тврдини; со него ние уништуваме мудрувања, и секоја горделивост, што се крева против познанието за Бога, и го заробуваме секој ум за да Му биде покорен на Христос; и спремни сме да казниме секаква непослушност, кога ќе се исполни вашата послушност.
2 Коринтјаните 10:3-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто, иако живееме во телото, не војуваме со телото, зашто оружјето на нашето војување не е телесно, туку е силно во Бога за разурнување на тврдини, па ги рушиме мудрувањата; и секое превознесување што се крева против познавањето на Бога; и ја поробуваме секоја мисла за послушност на Христа; и готови сме да казниме секаква непослушност, кога ќе се исполни вашата послушност.