2 Коринтјаните 1:8-10
2 Коринтјаните 1:8-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Браќа, не сакаме да ја затаиме неволјата што нѐ снајде во Азија; дека бевме оптоварени прекумерно, дури преку нашите сили, ние не се надевавме ни живи да останеме. Туку сами во себе ја примивме смртната пресуда за да не се надеваме во себе, туку на Бога, Кој ги воскреснува мртвите. Тој нѐ избави од таква страшна смрт, а и уште нѐ избавува. Во Него се надеваме дека и уште ќе нѐ избавува
2 Коринтјаните 1:8-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Сметам, драги пријатели христијани, дека треба да знаете за страдањата низ кои ние поминавме во покраината Азија. Тие беа толку тешки и неподносливи, што загубивме секаква надеж дека ќе останеме живи. Помисливме дека ќе умреме и престанавме да се потпираме на сопствените сили. Му се препуштивме на Бог, Кој и мртви може да воскресне. Тој не избави од сигурна смрт и пак ќе не избавува. На Него се надеваме и знаеме дека ќе продолжи да не избавува.
2 Коринтјаните 1:8-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Браќа, не сакаме да останете во незнаење во однос на неволјата што ни се случи во Азија, додека бевме оптоварени преку секоја мерка и над нашите сили, така што не се надевавме ни да го запазиме својот живот. Па и сами во себеси дојдовме до заклучок, дека ќе ѝ бидеме предадени на смртта, за да не се надеваме сами на себеси, туку на Бога, Кој ги воскреснува мртвите. Тој нѐ избави и уште нѐ избавува од таква смрт; Тој, во Кого се надеваме, дека пак ќе нѐ избави