2 Коринтјаните 1:2-5
2 Коринтјаните 1:2-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Благодат и мир од Бог Отецот наш, и Господ Исус Христос! Благословен нека е Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Отецот на милосрдноста и Бог на секоја утеха. Тој нѐ утешува при секоја наша неволја, та и ние да можеме да ги утешиме сите оние кои се во неволја со онаа утеха со која Бог нѐ утешува нас самите! Зашто, како што изобилуваат Христовите страдања во нас, така изобилува и утехата наша преку Христос.
2 Коринтјаните 1:2-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Ви посакувам Бог, нашиот небесен Татко, и Господ Исус Христос да ви бидат благонаклонети и да ви дадат мир. Благословен нека е Бог, Кој е и Татко на нашиот Господ Исус Христос, Татко на милосрдието и Бог од Кој ни доаѓа секоја утеха! Во секоја наша невола не утешува, за да можеме и ние да ги утешуваме другите што се во некаква невола, со истата утеха со која Бог нас не утешува. Колку повеќе страдаме за Христос, толку повеќе Бог ќе не опсипе со утеха преку Христос.
2 Коринтјаните 1:2-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Благодат вам и мир од Бога, нашиот Татко, и од Господа Исуса Христа! Благословен Бог и Таткото на нашиот Господ Исус Христос, Татко на милосрдноста и Бог на секоја утеха, Кој нѐ утешува во секоја наша неволја, за да можеме и ние да ги утешуваме оние, кои се наоѓаат во каква и да е неволја, со утехата со која Бог нѐ утешува нас самите. Зашто, како што Христовите страдања изобилуваат во нас, така преизобилува и нашата утеха преку Христа.