2 Летописи 20:31-34
2 Летописи 20:31-34 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Така царуваше Јосафат над Јудеја. Кога стана цар, беше на триесет и пет години, и царуваше во Ерусалим дваесет и пет години. Мајка му се викаше Азува, ќерка на Шилхи. Тој одеше по патот на својот татко Аса и не се отстрани од него, вршејќи го она што е угодно пред очите на Господ. Само идолските светилишта уште не беа разрушени, народот сѐ уште не го беше свртел срцето свое кон Бога на своите предци. Другите дела Јосафатови, први и последни, опишани се во записите на Јуј, синот Ананиев, кои се внесени во книгата на израелските цареви.
2 Летописи 20:31-34 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Јосафат царуваше над Јудејците. Му беа триесет и пет години кога се зацари; царуваше дваесет и пет години во Ерусалим; мајка му се викаше Азува, а беше ќерка Силеева. Одеше по патот на Аса не свртувајќи од него, туку чинејќи што е право во Господовите очи. Само, не беа отстранети високите места, зашто народот уште не го имаше насочено своето срце кон Бога на татковците. Другите Јосафатови дела, од првите до последните се запишани во книгата на Ананиевиот син Јуј, и се распоредени во книжниот Свиток за израелските цареви.