1 Тимотеј 6:17-19
1 Тимотеј 6:17-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Предупреди ги богатите на овој свет да не ги обзема горделивост, ниту да се надеваат на своето богатство што лесно можат да го загубат! Кажи им да се потпрат на Бог, Кој обилно ни дарува се што ни е потребно за да уживаме во животот. Советувај ги да прават добри дела, да помагаат, да бидат дарежливи, решени да го делат со другите луѓе она што го имаат. Така ќе постават солиден темел за својата иднина, ќе се стекнат со вистински живот.
1 Тимотеј 6:17-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Заповедај им на богатите од овој свет да не се гордеат, ниту да се надеват во непостојаното богатство, туку на живиот Бог, Кој ни дава за наслада сѐ во изобилие; нека прават добро, нека се збогатуваат со добри дела, да бидат штедри и сочувствителни. И на таков начин да си собираат сокровиште – добра основа за иднината, за да постигнат живот вечен.
1 Тимотеј 6:17-19 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Заповедај им на богатите на овој свет да не бидат горделиви и да не се надеваат на непостојаното богатство, туку во живиот Бог, Кој ни дава изобилно сѐ за наслада, да прават добро, да бидат богати во добри дела, да бидат дарежливи и заедничари; да собираат за себе благо како основа за иднината, за да зграбат вистински живот.