Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Тимотеј 4:6-16

1 Тимотеј 4:6-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Ако вака ги поучуваш другите христијани, добро ќе ја извршуваш службата што ти е доверена од Исус Христос. Со тоа ќе покажеш дека и самиот се храниш од пораката на верата и здравото учење што го следиш. Држи се настрана од непристојни и бабини прикаски! Вежбај се да бидеш вистински побожен. Од телесните вежби има одредена полза, но побожноста е многу покорисна. Таа ветува награда и за сегашниот и за идниот живот. Оваа порака е веродостојна и заслужува целосна доверба. Напорно работиме и се бориме, бидејќи се надеваме на Живиот Бог, Кој е Спасител за сите луѓе, а особено за оние што веруваат. На тоа треба да ги упатуваш и поучуваш луѓето. Не дозволувај никој да те потценува поради тоа што си млад. Со тоа што ќе го зборуваш, со твоето поведение, со твојата љубов, вера и чистота, биди им пример на сите христијани. Додека да дојдам кај вас, посвети се на читање на Светото Писмо во црквата, на проповедање и поучување. Не запоставувај го духовниот дар што ти беше даден преку пророштво, со полагање раце од страна на советот на старешините. Извршувај ги овие должности, посвети им се целосно, нека се гледа дека напредуваш. Внимавај како живееш и како поучуваш! Истрај во праведната работа, за да се спасиш и себеси, и оние што те слушаат.

1 Тимотеј 4:6-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Ова советувај им го на браќата и ќе бидеш добар служител на Исус Хрис­тос, хранет со зборовите на верата и на доброто учење што си го примил. Од нечисти и од бапски приказни бе­гај, а обучувај се во побожност; зашто телесното обучување е малку корисно, а побожноста е полезна за сѐ, бидејќи во себе има ветување за се­гаш­ниот и за идниот живот. Тие зборови се верни и достојни да бидат целосно прифатени. Затоа и се трудиме и се бориме, зашто се надеваме на живиот Бог, Кој е Спасител на сите луѓе, а посебно на оние кои веруваат. Ова препорачувај го и поучувај! Никој нека не ја презира твојата младост, туку на верните да им служиш како пример во слово, поведение, љу­бов, дух, вера и чистота! Додека дојдам, занимавај се со читање на Писмото, со утешување и со поучување! Не занемарувај ја дарбата што е во тебе, и која ти беше дадена по пророш­тво заедно со полагање раце врз тебе од свештенството! Грижи се за тоа, на тоа предади се, та успехот твој да им стане јасен на сите! Пази на себе и на учењето; биди ис­траен во тоа, зашто, ако постапуваш та­ка, ќе се спасиш и себе самиот и оние што те слушаат.

1 Тимотеј 4:6-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Ако ги советуваш во ова браќата, ќе бидеш добар служител на Христа Исуса, кој се храни со зборовите на верата и на добрата наука, што ја следиш. А избегнувај од нечисти и бабешки приказни! Туку обучувај се во побожност! Зашто телесната обука е малку полезна, а побожноста е полезна за сѐ, зашто има ветување за сегашниот и идниот живот. Тоа е вистинско слово и достојно за полно примање. Имено, затоа ние се трудиме и се бориме, зашто се надеваме во живиот Бог, Кој е Спасител на сите луѓе, особено на верните. Наложувај го и учи го ова! Никој да не те презира заради твојата младост! Туку, биди им пример на верните во словото, во поведението, во љубовта, во верата, во чистотата! Додека дојдам внимавај на читањето, на опоменувањето и на поучувањето! Не занемарувај ја дарбата која е во тебе, која ти е дадена преку пророштво, со ракополагањето на старешините. Исполнувај го тоа, биди во тоа, и твојот напредок да им биде видлив на сите! Внимавај на себеси и на учењето! Истрај во тоа, зашто правејќи го ова ќе се спасиш и себеси и оние кои те слушаат.