1 Тимотеј 4:11-16
1 Тимотеј 4:11-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
На тоа треба да ги упатуваш и поучуваш луѓето. Не дозволувај никој да те потценува поради тоа што си млад. Со тоа што ќе го зборуваш, со твоето поведение, со твојата љубов, вера и чистота, биди им пример на сите христијани. Додека да дојдам кај вас, посвети се на читање на Светото Писмо во црквата, на проповедање и поучување. Не запоставувај го духовниот дар што ти беше даден преку пророштво, со полагање раце од страна на советот на старешините. Извршувај ги овие должности, посвети им се целосно, нека се гледа дека напредуваш. Внимавај како живееш и како поучуваш! Истрај во праведната работа, за да се спасиш и себеси, и оние што те слушаат.
1 Тимотеј 4:11-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ова препорачувај го и поучувај! Никој нека не ја презира твојата младост, туку на верните да им служиш како пример во слово, поведение, љубов, дух, вера и чистота! Додека дојдам, занимавај се со читање на Писмото, со утешување и со поучување! Не занемарувај ја дарбата што е во тебе, и која ти беше дадена по пророштво заедно со полагање раце врз тебе од свештенството! Грижи се за тоа, на тоа предади се, та успехот твој да им стане јасен на сите! Пази на себе и на учењето; биди истраен во тоа, зашто, ако постапуваш така, ќе се спасиш и себе самиот и оние што те слушаат.
1 Тимотеј 4:11-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Наложувај го и учи го ова! Никој да не те презира заради твојата младост! Туку, биди им пример на верните во словото, во поведението, во љубовта, во верата, во чистотата! Додека дојдам внимавај на читањето, на опоменувањето и на поучувањето! Не занемарувај ја дарбата која е во тебе, која ти е дадена преку пророштво, со ракополагањето на старешините. Исполнувај го тоа, биди во тоа, и твојот напредок да им биде видлив на сите! Внимавај на себеси и на учењето! Истрај во тоа, зашто правејќи го ова ќе се спасиш и себеси и оние кои те слушаат.