1 Тимотеј 4:1-4
1 Тимотеј 4:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Светиот Дух јасно ни кажува дека во подоцнежните времиња некои луѓе ќе отстапат од вистинската вера. Тие ќе бидат измамени од лажливи духови и ќе се поведат по демонски учења. Нивните учители се лицемери, лажливци чија совест е докрај затапена. Ќе проповедаат дека не треба да се стапува во брак, ќе забрануваат да се јадат одредени видови храна. Храната е од Бог создадена и христијаните, оние што целосно ја знаат вистината, можат со благодарност да ја јадат. Се што е создадено од Бог е добро. Ако се јаде со благодарност, ништо не е забрането.
1 Тимотеј 4:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А Духот јасно зборува дека во последните времиња некои ќе отстапат од верата, слушајќи измамнички духови и злодуховски учења, преку лицемерството на оние што зборуваат лага и имаат догорена совест; кои забрануваат да се стапува во брак и наметнуваат воздржување од јадења што ги создал Бог, за да бидат употребувани од оние кои веруваат и ја познаваат вистината. Зашто, секое нешто создадено од Бога е добро и ништо не е за отфрлање, ако се прима со благодарност
1 Тимотеј 4:1-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А Духот јасно вели дека во подоцнежните времиња некои ќе отстапат од верата и ќе слушаат измамливи духови и ѓаволски учења, преку лицемерството на лажливците, кои се жигосани во својата совест, кои забрануваат стапување во брак и бараат воздржување од јадењата, што Бог ги создаде за да ги земаат со благодарност верните, кои ја познаа вистината. Зашто секое Божјо создание е добро, и ништо не треба да биде отфрлено, ако се прима со благодарност