1 Тимотеј 3:6-8
1 Тимотеј 3:6-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Тој не смее да биде новообратен, за да не стане горделив и да ја направи истата грешка што ја направи и Ѓаволот. Тој треба да ужива добар углед и кај луѓето што не и припаѓаат на црквата. Во спротивно, тој може да падне во стапицата на Ѓаволот и да се посрамоти. Истото важи и за ѓаконите во црквата. Тие мора да бидат сериозни и чесни луѓе, да не лажат, да не се опиваат и да не бидат алчни за пари.
1 Тимотеј 3:6-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Да не е новопокрстен, за да не се возгордее и да падне под осуда, како ѓаволот. Тој треба уште да има и добар углед кај надворешните за да не биде укоруван и да не падне во стапицата на ѓаволот. Ѓаконите, исто така, треба да бидат чесни, не дволични, да не се страсни за вино, ниту алчни за гнасна печалба
1 Тимотеј 3:6-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Да не е новообратен, за да не се возгордее и да падне во осудата на ѓаволот! А треба да има и добро сведоштво и од надворешните, за да не падне во прекорување и во стапица на ѓаволот. Исто така, ѓаконите треба да бидат чесни, не двојазични, да не сакаат многу вино, не лакоми на срамна печалба