1 Тимотеј 1:8-11
1 Тимотеј 1:8-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Ние знаеме дека, ако правилно се применуваат, законите се добри. Но го знаеме и тоа дека законите не постојат за да ги контролираат праведните луѓе, туку да ги одвраќаат престапниците, бунтовниците, безбожниците и грешниците. Тие постојат заради луѓе на кои ништо не им е свето, луѓе што сквернават се што ќе стигнат, убијци што се во состојба да си ги убијат дури и сопствените родители! Законите се напишани заради блудните луѓе, заради полово изопачените, трговците со робови, лажговците и оние што не си ги почитуваат заклетвите. Тие постојат заради сите оние што му се противставуваат на правилното учење што произлегува од величествената Радосна вест која ми ја довери нашиот прекрасен Бог.
1 Тимотеј 1:8-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А ние знеме дека Законот е добар, ако некој законски го применува. Знаејќи дека Законот не е установен за праведник, туку за беззаконици и непокорници, за нечестиви и за грешници, за неправедни и осквернители, за таткоубијци и мајкоубијци, за човекоубијци, за блудници, за мажеложници, трговци со робје, клетвопрестапници, скотоложници, лажливци, и за сѐ друго, што е спротивно на здравата наука, според славното Евангелие на блажениот Бог, кое ми е мене доверено.
1 Тимотеј 1:8-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ние пак знаеме дека Законот е добар, ако некој го применува законски, знаејќи го ова: дека законот не е воспоставен за праведникот, туку за беззакониците и непокорните, за безбожниците и грешниците, за несветите и нечистите, за убијците на татковци и убијците на мајки; за оние кои убиваат луѓе; за блудниците - и за мажи кои се полово изопачени, за трговците со робови, за лажливците, за лажнозаколнувачите и за сѐ друго што ѝ е противно на здравата наука, според славното Евангелие на блажениот Бог, кое ми е доверено мене.