1 Тимотеј 1:18-20
1 Тимотеј 1:18-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Тимотеј, сине мој, упатствата што ти ги давам се засновани врз пророштвата што претходно се дадени за тебе. Нека те поттикнуваат да се бориш како добар војник, да бидеш верен и да имаш чиста совест. Некои луѓе доживеаја бродолом во својата вера, бидејќи не си ја слушаа совеста. Тоа им се случи на Именеј и на Александар. Тие луѓе му ги препуштив на Сатаната, за да се научат да не зборуваат навредливо за Бог.
1 Тимотеј 1:18-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Чедо Тимотеј, оваа заповед ти ја предавам според пророштвата кои прво тебе те посочија да се бориш како добар војник потпирајќи се на нив, имајќи вера и добра совест, која некои ја отфрлија и претрпеа бродолом во верата; меѓу нив се Именеј и Александар, што ги предадов на сатаната за да се научат да не хулат.
1 Тимотеј 1:18-20 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Оваа заповед ти ја предавам, чедо Тимотеј, согласно поранешните пророштва за тебе: за да војуваш добра војна, имајќи вера и добра совест, кои некои ја отфрлија и претрпеа бродолом на верата. Меѓу нив се Именеј и Александар, кои ги предадов на сатаната, за да научат да не хулат.