1 Тимотеј 1:12-14
1 Тимотеј 1:12-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Благодарен сум Му на нашиот Господ Исус Христос, Кој сметаше дека може да има доверба во мене и ми даде сила да ја вршам оваа работа. Јас зборував навредливи нешта за Него, безобѕирно ги прогонував Неговите следбеници, но Тој се смилува над мене, зашто знаеше дека тоа се случуваше пред да поверувам и не бев свесен што правам. Каква огромна благонаклоност покажа нашиот Господ спрема мене! Целосно ме исполни со вера и љубов каква што има Исус Христос.
1 Тимотеј 1:12-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Му благодарам на Христос Исус, нашиот Господ, Кој ми даде сили, зашто сметаше дека заслужувам доверба, кога мене ме постави на служба, мене, кој порано бев хулител, гонител и насилник; но ме помилува, бидејќи тоа го правев без да знам, во неверие. Но заедно со верата и љубовта во Христос Исус изобилуваше и благодатта на нашиот Господ.
1 Тимотеј 1:12-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Му благодарам на Христа Исуса, нашиот Господ, Кој ми даде сила за тоа, зашто ме сметаше верен и ме постави на служба, мене, кој порано бев хулител, и гонител, и насилник. Но добив милост, зашто го правев тоа од незнаење и неверување. А благодатта на нашиот Господ, со верата и љубовта изобилуваше во Христа Исуса.