1 Солуњаните 5:21-28
1 Солуњаните 5:21-28 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Проверувајте се што се проповеда и држете се до тоа што е добро. Држете се настрана од се што е зло. Самиот Бог, Кој е извор на мир, нека ве направи целосно свети и нека го зачува чисто целото ваше битие: духот, душата и телото, се до повторното доаѓање на нашиот Господ Исус Христос. На Оној што ве одбра можете да Му верувате. Тој навистина ќе го стори тоа. Драги пријатели христијани, молете се и за нас. Поздравете се меѓусебно со свет бакнеж. Ве задолжувам, во името на Господ, да го прочитате ова писмо пред сите христијани. Нашиот Господ Исус Христос нека ви биде благонаклонет.
1 Солуњаните 5:21-28 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Сѐ испитувајте, за доброто држете се! Клонете се од секакво зло! А Сам Бог на мирот да ве освети наполно во сѐ, и целиот ваш дух и душата и телото да се запазат без порок за доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос! Верен е Оној, Кој ве повикува. Тој и ќе го направи тоа. Браќа, молете се за нас! Поздравете ги сите браќа со свет целив! Ве заколнувам во Господ ова послание да им го прочитате на сите свети браќа. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со вас. Амин!
1 Солуњаните 5:21-28 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
испитувајте сѐ, задржувајте го доброто. Воздржувајте се од секоја појава на зло! А Самиот Бог на мирот да ве освети наполно! И вашиот дух, и душата, и телото да се запазат беспрекорно при доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос! Верен е Оној, Кој ве повикува и Кој и ќе го направи тоа. Браќа, молете и за нас! Поздравете ги сите браќа со свет целив! Ве заколнувам во Господа, ова писмо да им го прочитате на сите браќа. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос да биде со вас. Амин!