1 Солуњаните 5:14-17
1 Солуњаните 5:14-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Браќа, ве молам, поучувајте ги неуредните, утешувајте ги малодушните, поткрепувајте ги слабите и бидете долготрпеливи кон сите. Гледајте никој никому да не враќа зло за зло; туку секогаш барајте добро еден на друг, и на сите! Радувајте се секогаш! Молете се постојано!
1 Солуњаните 5:14-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Опоменувајте ги мрзливите, охрабрувајте ги малодушните, помагајте им на слабите и имајте трпение со сите. Гледајте никој никому да не враќа зло за зло. Напротив, однесувајте се добро еден спрема друг и спрема сите луѓе. Бидете секогаш радосни, постојано молете се.
1 Солуњаните 5:14-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ве молиме уште, браќа, поучувајте ги неуредните, охрабрувајте ги малодушните, помагајте им на слабите, бидете трпеливи со сите. Гледајте, никој никому да не враќа зло за зло, туку секогаш одете по она што е добро меѓу себе и кон сите! Радувајте се секогаш! Молете постојано!