Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Солуњаните 5:12-28

1 Солуњаните 5:12-28 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Драги христијани по црквите, ве молиме да им оддавате признание на оние што вредно работат меѓу вас, што ве водат во Господовото дело и ве поучуваат; искрено да ги почитувате и да ги сакате заради тоа што го работат. Ве молиме да не се карате. Опоменувајте ги мрзливите, охрабрувајте ги малодушните, помагајте им на слабите и имајте трпение со сите. Гледајте никој никому да не враќа зло за зло. Напротив, однесувајте се добро еден спрема друг и спрема сите луѓе. Бидете секогаш радосни, постојано молете се. Што и да ви се случува прифаќајте го со благодарност, зашто така вие што Му припаѓате на Исус Христос ја исполнувате Божјата волја. Немојте да го задушувате дејствувањето на Светиот Дух. Немојте да ги занемарувате пророштвата. Проверувајте се што се проповеда и држете се до тоа што е добро. Држете се настрана од се што е зло. Самиот Бог, Кој е извор на мир, нека ве направи целосно свети и нека го зачува чисто целото ваше битие: духот, душата и телото, се до повторното доаѓање на нашиот Господ Исус Христос. На Оној што ве одбра можете да Му верувате. Тој навистина ќе го стори тоа. Драги пријатели христијани, молете се и за нас. Поздравете се меѓусебно со свет бакнеж. Ве задолжувам, во името на Господ, да го прочитате ова писмо пред сите христијани. Нашиот Господ Исус Христос нека ви биде благонаклонет.

1 Солуњаните 5:12-28 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И ве молам, браќа, да ги уважувате оние што се трудеа меѓу вас, и ве водат во Господ, и оние кои ве утешуваат. И кон нив да имате преголема љу­бов заради нивното дело. Живејте во мир меѓу себе! Браќа, ве молам, поучувајте ги не­уредните, утешувајте ги малодушните, поткрепувајте ги слабите и бидете долготрпеливи кон сите. Гледајте никој никому да не враќа зло за зло; туку секогаш барајте добро еден на друг, и на сите! Радувајте се секогаш! Молете се постојано! Благодарете за сѐ, зашто таква е волјата Божја во Христос Исус спрема вас! Не гаснете Го Духот! Пророштвата не ги омаловажувај­те! Сѐ испитувајте, за доброто држете се! Клонете се од секакво зло! А Сам Бог на мирот да ве освети наполно во сѐ, и целиот ваш дух и ду­шата и телото да се запазат без порок за доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос! Верен е Оној, Кој ве повикува. Тој и ќе го направи тоа. Браќа, молете се за нас! Поздравете ги сите браќа со свет целив! Ве заколнувам во Господ ова пос­ла­ние да им го прочитате на сите свети браќа. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со вас. Амин!