1 Солуњаните 5:1-6
1 Солуњаните 5:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А за времињата и часовите, браќа, нема потреба да ви се пишува, бидејќи вие самите многу добро знаете: денот Господов ќе дојде како крадец во ноќно време. И додека уште велат: „Мир и безбедност!“, Тогаш ненадејно ќе ги снајде пропаст и не ќе можат да избегнат. Но вие, браќа, не сте во темнина, та денот да може да ве затече како крадец. Бидејќи сите вие сте синови на светлината и синови на денот; ние не сме синови на ноќта, ниту на темнината. И така, да не спиеме како и другите, туку да бидеме будни и трезни.
1 Солуњаните 5:1-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Нема потреба да ви пишувам за времето и датумот кога ќе се случи ова. Вие сигурно и самите знаете дека доаѓањето на Господ ќе биде ненадејно, како кога крадец неочекувано упаѓа ноќе. Кога луѓето од овој свет ќе си мислат: „Сега сме мирни и безбедни“, тогаш неочекувано ќе им дојде уништувањето, како кога породилни болки и доаѓаат на жена што треба да роди. Тоа неминовно ќе им се случи. Но вие што сте христијани, не живеете во мрак, па во тој ден нема да бидете непријатно изненадени, како од крадец. Вие и припаѓате на светлината и на денот, а не на темнината и на ноќта. Затоа, да не бидеме заспани, како другите луѓе, туку да бидеме будни и трезвени.
1 Солуњаните 5:1-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А што се однесува за времињата и настаните, браќа, немате потреба да ви се пишува; зашто самите вие добро знаете дека Господовиот Ден ќе дојде како крадец во ноќта. Кога ќе речат: мир и безбедност, тогаш ненадејно ќе падне погибел на нив, како болка на трудна жена, и не ќе ѝ избегаат. Но вие, браќа, не сте во темнина - та Денот да ве затече како крадец; зашто вие сите сте синови на светлината и синови на денот. Не ѝ припаѓаме на ноќта, ниту на темнината; и така, да не спиеме како другите, туку да бдееме и да бидеме трезвени