1 Солуњаните 4:9-12
1 Солуњаните 4:9-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
За братољубието, пак, нема потреба да ви пишувам, зашто вие сами сте научени од Бога да се сакате еден со друг, бидејќи така и постапувате со сите браќа по цела Македонија. И ве поттикнуваме, браќа, уште повеќе да напредувате, и усрдно да се грижите да живеете мирно, да си ја извршувате сопствената работа и да работите со свои раце како што ви заповедавме; да постапувате чесно спрема надворешните и да не зависите од никого.
1 Солуњаните 4:9-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Нема потреба да ви пишувам дека треба да се сакате еден со друг. Самиот Бог веќе ве научи како да се сакате, и вие веќе ја покажавте својата љубов спрема сите христијани во цела Македонија. Сакам само да ве охрабрам, драги пријатели, таа љубов кај вас уште повеќе да расте. Трудете се да живеете тивко, да си ја гледате својата работа, да си заработувате за живејачка, како што и ве учевме. Така и тие што не се христијани ќе ве почитуваат, а вие нема да зависите од никого.
1 Солуњаните 4:9-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А за братољубието нема потреба да ви пишувам, зашто Самиот Бог ве научи да се љубите еден друг, а вие го правите тоа кон сите браќа во цела Македонија. Но, ве молиме пак, браќа, да го правите тоа уште повеќе и да настојувате усрдно да живеете тихо, да ги гледате своите работи и да работите со своите раце, како што ви наредивме, за да се однесувате благоприлично кон оние, надворешните и да немате потреба од ништо.