1 Солуњаните 1:1-3
1 Солуњаните 1:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Од Павле, Силван и Тимотеј – до црквата на Солуњаните во Бог Отецот наш и во Господ Исус Христос, благодат вам и мир од Бог Отецот и Господ Исус Христос! Секогаш Му благодариме на Бога за сите вас, сеќавајќи се на вас во молитвите наши, непрестано, го споменуваме делото на вашата вера, трудот на вашата љубов и истрајноста во надежта ваша во нашиот Господ Исус Христос пред Бога и Отецот наш.
1 Солуњаните 1:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Од Павле, Силван и Тимотеј до членовите на црквата во Солун, до оние што Му припаѓаат на Бог Таткото и на Господ Исус Христос. Бог нека ви биде благонаклонет и нека ви даде мир. Постојано Му заблагодаруваме на Бог за сите вас и секогаш ве спомнуваме во нашите молитви. Си спомнуваме пред Бог, нашиот Татко, како се покажа вашата вера на дело, како работите со љубов и колку трпеливо се надевате на нашиот Господ Исус Христос.
1 Солуњаните 1:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Павле и Силван и Тимотеј до црквата на Солунјаните, во Бог Таткото и Господа Исуса Христа, благодат вам и мир. Секогаш Му благодариме на Бога за сите вас, кога ве спомнуваме во своите молитви, зашто си спомнуваме постојано за делата на вашата вера, и за трудот на вашата љубов и за вашата трпелива надеж во нашиот Господ Исус Христос, пред нашиот Бог и Татко.