1 Самоилова 5:3-4
1 Самоилова 5:3-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
На другиот ден, откако жителите на Ашдод дојдоа рано наутро во храмот на Дагон, ете, Дагон лежи ничкум на земја пред ковчегот Господов. И го зедоа Дагон и го поставија пак на местото негово. На следниот ден, откако станаа утрината, ете, Дагон пак лежи ничкум на земја пред ковчегот Господов; главата на Дагон и обете дланки на рацете негови беа пресечени, секоја одделно, и лежеа на прагот; само трупот на Дагон беше останал.
Сподели
Прочитај 1 Самоилова 51 Самоилова 5:3-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Утреден наутро, ете, Дагон лежеше ничкум на земјата пред Господовиот Ковчег. Тие го кренаа Дагона и го ставија на неговото место. Ама кога поранија наутро, ете, Дагон лежеше пак на земјата пред Господовиот Ковчег; Дагоновата глава и двете негови раце лежеа отсечени на прагот: на местото стоеше само Дагоновиот труп.
Сподели
Прочитај 1 Самоилова 5