1 Самоилова 28:7-8
1 Самоилова 28:7-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И им рече Саул на слугите свои: „Најдете ми жена што повикува духови, и јас ќе одам кај неа и ќе ја прашам.“ И му одговорија неговите слуги: „Тука во Ен-Дор има жена што повикува духови.“ И ги соблече Саул алиштата свои и облече други, и тргна тој и двајца луѓе со него, и дојдоа кај жената ноќе. И ѝ рече Саул: „Те молам, гледај ми, и повикај ми, кого што ќе кажам.“
Сподели
Прочитај 1 Самоилова 281 Самоилова 28:7-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Затоа Саул им рече на своите слуги: „Побарајте ми жена која повикува духови, за да одам кај неа и да ја прашам.“ А слугите му одговорија: „Еве, во Ен-Дор има жена која повикува духови.“ Тогаш Саул се преправи, облече други облеки и отиде со два човека. И дојде ноќе кај онаа жена и ѝ рече: „Да ми вражаш со помош на дух и повикај ми го оној кого што ќе ти речам.“
Сподели
Прочитај 1 Самоилова 28