1 Самоилова 2:18-21
1 Самоилова 2:18-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А момчето Самоил служеше пред Господ, облечено во ленен ефод. Горната облека негова му ја правеше мајка му и му ја донесуваше секоја година, кога доаѓаше со мажот свој за да принесе годишна жртва. Илиј ги благослови Елкана и жена му и рече: „Да ти даде Господ деца од оваа жена како замена за она, кое ти Му го подари на Господ!“ И заминаа во своето место. И ја посети Господ Ана, и таа зачна и роди уште три сина и две ќерки. А момчето Самоил растеше пред лицето на Господ.
1 Самоилова 2:18-21 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А Самоил служеше пред Господа, уште дете во ленен наплеќник. Неговата мајка му правеше горна облека за наметнување и му ја донесуваше секоја година, кога ќе дојдеше со својот маж, за да ја принесе годишната жртва. А Илија ги благословуваше Елкана и неговата жена, велејќи: „Господ нека ти даде пород од таа жена наместо подарокот што Му го даде на Господа.“ Тогаш се враќаа во својот дом. Господ ја посети Ана, и таа зачна и роди уште три сина и две ќерки; а детето Самоил растеше со Господа.