1 Самоилова 16:12-13
1 Самоилова 16:12-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тогаш Јесеј испрати, и го доведоа. Тој беше рус, со убави очи и пријатно лице. И Господ рече: „Стани, помазај го, зашто тоа е тој.“ Самоил го зеде рогот со масло и го помаза среде браќата негови, и Духот Господов почиваше врз Давид од тој ден и подоцна. Потоа Самоил стана и отиде во Рама.
1 Самоилова 16:12-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Јесеј испрати по него: тоа беше румен момок, со убави очи и убава става. И Господ му рече на Самоила; „Стани помажи го: тој е!“ Самоил го зеде рогот со маслото, и го помаза среде неговите браќа. Господовиот Дух го опфати Давида од оној ден. А Самоил тргна на пат и отиде во Рама.