Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Петар 4:8-13

1 Петар 4:8-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

а најмногу од се, сакајте се меѓу себе длабоко и искрено, зашто љубовта покрива многу гревови. Бидете гостољубиви еден спрема друг, без да негодувате. Секој, согласно со дарбите што ги има, нека им служи на другите. На тој начин ќе докажете дека добро управувате со дарбите што ги дава Бог, дарежливо и разновидно. Ако е некој добар говорник, нека ја проповеда Божјата порака. Ако некој има дарба да им помага на луѓето, нека го прави тоа со силата што му ја дава Бог. Се треба да се прави така што да Му се оддава слава на Бог, преку Исус Христос, на Кого Му припаѓаат славата и власта во вечни времиња. Амин. Драги мои, нека не ве изненадува фактот што минувате низ огнени искушенија, небаре нешто неочекувано ви се случува! Радувајте се што преку страдањата се идентификувате со Христос. Затоа, пак, ќе се радувате и веселите кога ќе се открие Неговата слава.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност