1 Петар 4:7-11
1 Петар 4:7-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Крајот е близу. Затоа бидете трезвени и ревносно молете се, а најмногу од се, сакајте се меѓу себе длабоко и искрено, зашто љубовта покрива многу гревови. Бидете гостољубиви еден спрема друг, без да негодувате. Секој, согласно со дарбите што ги има, нека им служи на другите. На тој начин ќе докажете дека добро управувате со дарбите што ги дава Бог, дарежливо и разновидно. Ако е некој добар говорник, нека ја проповеда Божјата порака. Ако некој има дарба да им помага на луѓето, нека го прави тоа со силата што му ја дава Бог. Се треба да се прави така што да Му се оддава слава на Бог, преку Исус Христос, на Кого Му припаѓаат славата и власта во вечни времиња. Амин.
1 Петар 4:7-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Но близу е крајот на сѐ. Па бидете мудри и бодри во молитвите. А пред сѐ, имајте постојано љубов меѓу себе; зашто „љубовта покрива многу гревови.“ Бидете гостољубиви еден спрема друг без негодување. Служете си еден на друг, секој со дарбата што ја примил, како добри управители на разнообразната Божја благодат. Ако некој говори, нека знае дека зборува Божји зборови; ако некој служи, нека служи според силата која Бог ја дава, та во сѐ да се прослави Бог преку Исус Христос, чија слава и владеење се вечни. Амин.
1 Петар 4:7-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А крајот на сѐ е близу. И така, бидете разумни и бдејте во молитвите. Пред сѐ имајте постојана љубов меѓу себе, зашто љубовта покрива многу гревови. Бидете гостољубиви еден кон друг без негодување. Бидејќи секој од вас добил дар, служете си со него еден на друг, како добри домоуправители на многукратната Божја благодат. Ако некој говори, нека зборува како Божји зборови; ако некој служи, нека служи како по силата, која Бог ја дава, за да се слави во сѐ Бог преку Исуса Христа, Кому Му припаѓаат славата и силата во сите векови. Амин.